Утрински Весник
Македонија

Променливо облачно со локални врнежи од дожд и грмежи

Dozd 3.jpg

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град, информира УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 18 до 26 степени.


Во Скопје, променливо облачно, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 25 степени.

Во деновите од викендот ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град. Во понеделник ќе има повремен локален дожд, а од вторник стабилизирање на времето.

Можете да прочитате

Наближува циклон и носи поројни дождови, грмежи и невреме

Синот на Мицкоски матурант: Премиерот јавно му честиташе

Од 1 јули ќе почне првото намалување на царинските тарифи за 50 отсто