Утрински Весник
Македонија

Променливо облачно и студено утро, попладне сонце

Вардар, Скопје, МТВ

Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено, попладне со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 2 до 10 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје променливо облачно и студено со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 11 степени.

Под влијание на нов влажен бран утре ќе има врнежи од дожд, а на планините од снег. На места, особено во западните делови, врнежите ќе бидат пообилни.

Од четврток температурата ќе биде во пораст, но ќе има услови за магла и значителна ниска облачност по котлините. Врнежи од дожд повторно се очекуваат во сабота.

Можете да прочитате

Во Кичево уапсен осуденик баран со потерница

Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Украина, Андриј Сибиха

Нова акција на МВР: Од две лица од Струмица одземени скоро 600.000 во кеш