Утрински Весник
Македонија

ПРОЛЕТНО ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ: Новата седмица ни носи облаци, дожд и грмежи

Meteoalarm.mk 56.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Во текот на новата седмица односно во периодот од 13 до 19 април 2026 територијата на Македонија ќе биде под влијание на циклонска активност со центар над Џеновскиот залив и токму оваа циклонска активност за време на споменатиот период ќе услови да имаме променливо и нестабилно време во Македонија со пролетни температури на воздухот.


Ќе имаме повремени локални врнежи од дожд кои повремено и локално ќе бидат пообилни и проследени со појава на грмежи и со засилен ветер од југоисточен правец. Ветерот од југоисточен правец ќе биде најизразен во Повардарието и во првите два дена од новата седмица, односно во понеделник и во вторник (13/14 април 2026).

И во Скопје  и околината во погоре споменатиот период времето ќе биде променливо со повремен локален дожд и со услови за појава на ретки грмежи а повремено ќе засилува ветерот од југоисточен правец особено во понеделник и во вторник (13/14 април 2026).

Што се однесува до температурите на воздухот, тие остануваат пролетни па така наутро тие насекаде ќе бидат позитивни односно над нулата а преку денот тие ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 22 степени а во Скопје и околината температурата ќе се искачува до околу 22 степени.

Можете да прочитате

Загина 19-годишен моторџија на „Пластичарска“, автомобил му го пресекол патот

Делегација од Македонија во студиска посета на француски институции за јакнење на системот за обука на јавната администрација

Мопедист тешко повреден, излетал од патот за да избегне судир со товарно возило