Утрински Весник
Свет

Прогноза според излезните анкети: Неа демократија води пред СИРИЗА на изборите во Грција

Прогноза според излезните анкети: Неа демократија води пред СИРИЗА на изборите во Грција
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Неа демократија на првата, СИРИЗА на втората, ПАСОК – Движење на промена е на третата позиција. Ова е резултатот од објавените излезни анкети по денешното гласање на парламентарните избори во Грција. Излезните анкети ги прават агенциите за рејтинг во Грција, во соработка со грчките телевизии.

dobivaj vesti na viber

Седум приватни телевизии и државната ЕРТ, веднаш по затворањето на гласачките места, точно во 19 часот по локално време, објавија заеднички излезни анкети во соработка со пет рејтинг агенции.

Резултатите од 80 отсто преброени излезни анкети за приватните телевизии се дека секоја од партиите би добила:

  • Неа демократија од 36 до 40 отсто
  • СИРИЗА од 25 до 29 отсто
  • ПАСОК – Движење на промена од 9,50 до 12,50 отсто
  • Комунистичка партија на Грција од 6 до 8 отсто
  • Грчко решение од 3,50 до 5,50 отсто
  • МЕРА25 2,50 до 4,50 отсто

Но, според 80 проценти од преброените излезни гласови Неа демократија нема да добие доволен број пратеници за еднопартиска влада. Сепак, ова се само проценки на агенциите за рејтинг, а не и официјални резултати.

Првите официјални резултати од Министерството за внатрешни работи на Грција, кое што е и надлежно за пребројување на гласовите, се очекуваат околу 21 часот по грчко време.

Можете да прочитате

50 возила се судриле во верижен судир во Јапонија, има и загинати

Директорот на компанија им исплатил 240 милиони долари бонуси на вработените

Трамп за документите на Епштајн: „Ова е лов на вештерки“