Утрински Весник
Култура

Прогласени победниците на „Анимакс“

Прогласени победниците на  „Анимакс“
Ss2

Кинескиот краток филм „Момчето покрај прозорецот“ на авторот Кс Жанг е овогодинешниот добитник за Златната Тула на меѓународниот фестивал за анимиран филм „Анимакс Скопје Фест“. Германскиот автор Кристоф Бутнер ја доби втората награда за својот анимиран филм „Со негова милост“, додека Бронзената Тулa ја доби корејскиот филм „Куклена приказна“ на авторот Парк се Хонг.

dobivaj vesti na viber

За најдобар филм за деца беше награден македонскиот филм „Маја Новак“ од авторката Миа Панов, а наградата се доделува врз основа на гласовите од детската публика кои во најголем број гласаа за овој филм.

300x250 (7)

Жири комисијата која одлучуваше за наградите беше во состав на Владимир Ангелов, Сашка Андреевска и Горјан Гишев.

„Анимакс Скопје Фест“ е во организација на продукциската куќа Аурипигмент од Скопје, а е со поддршка на Град Скопје, во соработка со Кинотека на С. Македонија.

Ss1

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“