Утрински Весник
Македонија

Професорката Силјановска се фали дека е експерт за уставно право и право на ЕУ а не знае дека ЕУ нема устав

Gordana Sil Anovska Davkova.jpg
Ss2

Иако постојано се фали со своето познавање на правото, особено на уставното и на правото на ЕУ која таа и го предава на скопскиот Универзитет, професорката Гордана Силјановска Давкова, во неколку наврати на повеќе дебати и јавни настапи говори за европски устав. И на гостувањето на ТВ 24 таа го акцентира неговото значење.

“Јас велам дека ЕУ, ако сака да биде инспиративна и посакувана фамилија ако сака да биде заедница на демократија мора да си го почитува сопствениот устав.”

Img 5587

Имајќи ги превид фактите, претпоставка е дека или се работи за ненамерна грешка или пак за недоволно познавање на материјата, со оглед дека европски устав не постои. Иако предложен во 2005 година, тој не ја помина неопходната ратификација во Холандија и во Франција, каде уставот не доби поддршка на одржаните референдуми. Потоа, за да не се случи истото сценарио, Данска, Полска, Чешка, Португалија, Шведска и тогашна членка Велика Британија, ги одложија најавените референдуми за потврдување на европскиот устав. Од тогаш, до денес, членките на ЕУ не успеаа да креираат устав како автономен акт, туку правната основа на ЕУ е содржана во Договорот за Европската Унија, Договорот за функционирањето на Европската Унија и Повелбата за фундаменталните права на ЕУ кои имаат еднаква правна вредност.

Ss1

Можете да прочитате

За брзо возење изречени 133 санкции за еден ден

Бојмацалиев: Полициските одделенија Арачиново, Матејче и Шуто Оризари подготвени за изборите на 8 мај

Ахмети: ЕУ и САД гарантираат дека нема да има дополнителни барања од Бугарија