Утрински Весник
Македонија

Продолжи судењето против Мерко и за утре тројца за фалсификување исправа и за несовесно работење во училиштето во Велешта

Ramiz Merko Top Tema.jpg

Во Основниот суд во Струга денеска почна главната расправа за казненото дело фалсификување исправа и несовесно работење во службата во училиштето во Велешта, во кое меѓу четворицата обвинети е и струшкиот градоначалник Рамис Мерко. Рочиштето, пак, на кое му се суди на Мерко за незаконско назначување директори во основните училишта, во селата Подгорци, Лабуништа и „Браќа Миладиновци“ во Струга, беше одложено поради не присуство на сведоците.

Обвинетите Егзона Шеи, Дритан Каба, Ваит Жута и Рамис Мерко, пред судот се изјаснија дека не се чуствуваат виновни.

Како сведок исказ даде Наташа Пинтоска Беќароска, просветен инспектор, кој во 2022 година на вонреден иснпекциски надзор констатирала дека назначената директорка Егзона Шеи не ги исполнувала законските услови од Законот за основно образование. Немала уверение за положен испит, не поседувала сертификат за познавање англиски јазик и немала пет години работно искуство. Директорката, која добила два мандати, била вработена со средно образование, таа се товари за фалсификување на дипломата.

– Сведокот даде исказ согласно нејзините работни задачи што и се поставени и одговараше согласно законот. Постапката ја имаше извршено согласно законот. Сведокот беше повикан само за кривично правниот настан не да ја објаснува процедурата за договорите што ги склучила обвинетата со основното училиште, истакна јавниот обвинител Џемал Лога.

Тој побара приоритет на судскиот процес, но предметот го води делегираниот судија Јордан Јованов, чиј мандат истекува на 5 септември. Тој вети дека доколку добие продолжување ќе им даде приоритет на овие предмети.

– Се надевам дека има можност мандатот да биде продолжен. Овде има предмети, кои треба да се завршат. Најубаво би било тој што ги почнал да ги заврши и затоа јас ќе се обратам да можеме да имаме континуитет во предметите. Секако најпрво ќе треба да се чека официјална одлука дали ќе продолжам, доколку продолжам и овој и другиот медиумски предмет ќе добијат приоритет, изјави судијата Јованов.

Доколку судијата не добие нов мандат во струшкиот суд, случајот треба да го преземе друг судија и предметите кои ги води ќе почнат од почеток.

– Постапката почнува одново, меѓутоа доколку странките побараат да се продолжи од таму каде што застанало може непречено да се одвива, а законот нив им дава можност да побараат повторно да се изведуваат досега изведените докази. Тоа е нивно право, хипотетички може само да зборуваме, појасни Јованов.

Адвокатот на Мерко, Игор Петкоски, смета дека со изведените докази во текот на постапката, кои, според него биле од листата на докази на обвинителството може да се заклучи дека постапката за надзор од страна на Државниот просветен инспекторат не е завршена со решение, согласно Законот за просветна инспекција.

– Овој факт само се потврди од исказот на испитаниот сведок на денешното рочиште – Државен просветен инспектор. Па така, уште во оваа фаза од постапката може да се констатира дека се поведува кривична постапна против обвинетите во услови кога не е завршена постапката за надзор која во најлош случај може да заврши со прекршочна одговорност доколку се утврди вина авентуалните сторители на прекршок, вели Петкоски.

Во струшкиот Основен суд против градоначалникот Мерко се водат три процеси, два за незаконско назначување на директори во четири училишта и еден за злоупотреба на службената положба при набавка на луксузен автомобил.

Можете да прочитате

Штип вечерва е обвиен во чад поради шумски пожар, да се избегнува присуство на отворено

Муцунски: Ќе го истражиме работењето на дипломатите во изминатиот период и ќе воспоставиме мрежа на стручни дипломати кои се грижат за интересите на државата

Полициските хеликоптери  исфрлија над 120 тони вода врз пожари