Утрински Весник
Македонија

Приведени криумчари на мигранти

Приведени криумчари на мигранти

Синоќа во 22.20 часoт кај место викано „Аниште“, во близина на крстосница за с.Фурка, дојранско, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Стар Дојран“ ги лишиле од слобода Т.В.(38) од Скопје, Л.А.(66) од Радовиш и П.С.(45) од Радовиш.

dobivaj vesti na viber

При контрола во возило „мазда“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Т.В., биле пронајдени седум лица мигранти од Сирија.

Додека, пак возилото „фолксваген поло“ со радовишки регистарски ознаки, кое го управувала Л.А., а сопатник бил П.С., служело како претходница.

Мигрантите биле спроведени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија, а трите лица биле приведени во Полициската станица Гевгелија.

За настанот бил запознаен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Митовски: Целта е јасна – обновен и победнички СДСМ

Жално е што СДСМ падна толку ниско вели Митовски

Цеков: Нека објават ако сум добил тендер – веднаш ќе се повлечам