Утрински Весник
Спорт

Македонија без Чурлинов против Грузија и Бугарија

Македонија без Чурлинов против Грузија и Бугарија

Дарко Чурлинов, поради повреда, отпадна од комбинација за дуелите со Грузија и Бугарија во Лигата на нации.

dobivaj vesti na viber

Чурлинов не играше синоќа за Барнли против Престон (1:1). Менаџерот на Барнли, Венсан Компани, потврди дека Чурлинов отсуствувал поради повреда.

„За жал, нема да биде со нас одредено време“, рекол Компани.

Македонија на 23 септември ќе гостува во Тбилиси кај Грузија, а три дена подоцна ќе ја пречека Бугарија во Скопје.

Можете да прочитате

МИ2026: Рустемовски со нокаут избори полуфинале

Две сребра и една бронза за македонските борачи на Медитеранските игри

Ѓорческа против Јапонката Хонтама на стартот од квалификациите на УС Oпен