Утрински Весник
Македонија

Приведени дрвокрадци во Куманово

1 2.jpg

На 23.07.2024 околу 22.30 часот во населба „Ајдучка чешма” во Куманово, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции ги лишиле од слобода А.Ѓ. од Куманово и С.Н. од Крива Паланка.
При преглед на товарно возило „там” со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал А.Ѓ., а сопатник бил С.Н., било утврдено дека превезувале шест кубни метри нежигосано огревно дрво без документација. Возилото и дрвата биле одземени, а лицата биле приведени во полициска станица. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Две недели Филипче молчи и не ги објавува анкетите, но резултатите во Брвеница ја покажаа реалноста

Денеска облаци и локален дожд, од утре стабилизирање на времето

Утре на стрелиштето „Бејбунар” во Охрид ќе се спроведе вежбовно гаѓање со боева муниција