Утрински Весник
Скопје

Хемиски мирис покрај Вардар вознемири граѓани – известени инспекции и обвинител

Skopjekej.jpg

Синоќа во периодот од 21:00 до 00:30 часот, повеќе граѓани пријавиле во СВР Скопје дека на неколку локации во главниот град, покрај кејот на реката Вардар, се чувствувала непријатна миризба на хемиски агенси.

Според информациите од полицискиот билтен, пријавите се однесувале на подрачјата на Карпош, Ѓорче Петров и Сарај, каде граѓаните почувствувале силна и необична миризба во воздухот, што предизвикало вознемиреност кај дел од населението.


За случајот веднаш биле известени јавен обвинител, комунални инспектори, како и инспектор за животна средина од Град Скопје, со цел да се утврди потеклото на миризбата и дали станува збор за евентуално загадување или испуштање на опасни материи.

Од надлежните институции информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и утврдување на сите околности.

Можете да прочитате

Герасимовки на средба со основните училишта: Бесплатни оброци, екскурзии низ Македонија и униформи за наредната учебна година

Нови брендови и модерни концепти: Diamond Mall ја проширува својата понуда

Герасимовски: На 9 Мај „Нож и виљушка на европска чинија”, гастрономија, музика и дружење во Центар