Утрински Весник
Македонија

Приведени 18 возачи, 17 возеле без возачка дозвола, а еден под дејство на алкохол

Policzija.jpeg

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 18 возачи поради „безобѕирно управување возило“. Од нив, 17 управувале возило без возачка дозвола (пет во Скопје, три во Прилеп и по едно лице во Битола, Кочани, Делчево, Кичево, Валандово, Гевгелија, Велес, Неготино и тетовско). Додека пак, под дејство на алкохол возел возач во с.Дулица, општина Македонска Каменица, кој предизвикал и сообраќајна незгода со материјална штета. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Можете да прочитате

Тетовец тврдел дека дедо му и баба му му украле 3,5 милиони денари, заработи кривична

МВР и Фондот за здравствено осигурување: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените

Николоски: Македонија самостојно го решава проблемот со транспортерите преку билатерални договори