Утрински Весник
Македонија

Приведени 15 возачи, 13 возеле без возачка, а двајца под дејство на алкохол

729791093 2085432055711581 7202704372891920689 n.jpeg

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 15 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив 13 управувале возило без возачка дозвола (двајца малолетници), а две лица возеле под дејство на алкохол. Шест лица во Скопје (еден малолетник) управувале возило без возачка дозвола, две лица во Битола (еден малолетник) и по едно лице во Делчево, Штип, Куманово, Неготино и Македонски Брод возеле без возачка дозвола. Додека, по едно лице во Скопје и Велес управувале возило под дејство на алкохол. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.


Можете да прочитате

Димитриеска – Кочоска: На Детската клиника имало лица кои незаконски биле повикани на работа

Вишиот управен суд ја врати концесијата за Иловица

Детската клиника бележи најдобри резултати во историјата – најниска смртност од 2009 година