Утрински Весник
Македонија

Приведена кавадарчанка за тепање на сопругот, и маж во Кавадарци уапсен за силување

Police Car Of Macedonia 06 Scaled.jpg

Лишени од слобода биле вчера кавадарчанка која му се заканувала на сопругот и кавадарчанец кој обљубил сограѓанка, информираа денеска од СВР Велес.

Вчера во 11.15 часот полициски службеници од ОВР Кавадарци ја лишиле од слобода А.Б.(46) од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом му се заканувала на нејзиниот 48-годишен сопруг. А.Б. била приведена во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нејзе ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопштија од СВР Велес.

Синоќа во 18.40 часот полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода А.Х.(33) од Кавадарци, по пријава од 26-годишна сограѓанка, со која бил во љубовна врска.

Според пријавеното, на 9 јули во хотелска соба во Кавадарци, А.Х. физички ја нападнал и извршил обљуба врз неа. А.Х. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа од СВР Велес.

Можете да прочитате

Зулфикар Зејнула е нов претседател на Демократската партија на Турците во Македонија

Ладна ноќ е пред нас – Можна е појава дури и на слаб мраз!

Водата во езерото „Младост“ е загадена со фекалии, нема услови за порибување