Утрински Весник
Македонија

Еден пожар на отворено под контрола, 17 изгаснати

Pozar 2.webp.webp

Заклучно со утринава во 7:30 часот на територијата на државава регистрирани се вкупно 18 пожари на отворен простор, од кои ниту еден не е активен, еден е под контрола, а 17 пожари се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Како што посочуваат од ЦУК, под контрола е пожарот во општините Македонски Брод и Сопиште кај селото Белица во местото викано Кајорец (Општина Македонски Брод), со проширување кон Јасен (Општина Сопиште), каде гори нискостеблеста и мешана шума.


Изгаснати се пожарите во Општина Сарај: с. Сарај (ниска вегетација); Општина Бутел: с. Љуботен (ниска вегетација);
Општина Центар: ул. „Народен Фронт“ (ниска вегетација); Општина Битола: с. Лавци – с. Брусник (ниска вегетација); Општина Могила: с. Могила (стрништа и ниска вегетација); Општина Прилеп: с. Мало Коњари (ниска вегетација);
Општина Струмица: с. Габрово (депонија); Општина Радовиш: с. Калаузлија (ниска вегетација); Општина Струга: с. Заграчани (ниска вегетација и стрниште); Општина Струга: наспроти фабриката „Магна“ (ниска вегетација и грмушки);
Општина Дебар: с. Коњари (ниска вегетација); Општина Велес: с. Раштани – с. Превалец (ниска вегетација, ѓубре и лозје);
Општина Куманово: с. Речица (ниска вегетација); Општина Куманово: депонија Краста (ѓубре); Општина Тетово: с. Порој (ниска вегетација); Општина Врапчиште: с. Врапчиште – с. Топлица (ниска вегетација); и Општина Врапчиште: с. Сенокос (ниска вегетација).

Можете да прочитате

Прифатена предлог-резолуцијата на ДОМ за регулиран развој на дата-центрите од Европската зелена партија: време е за европски и јасни правила

Дискриминацијата и цензурата на Левица ќе бидат нотирани во европските извештаи, Крмов се сретна со претставници од Европскиот парламент

Втора работна сесија на 25. Мешовит парламентарен комитет ЕУ-Северна Македонија