Утрински Весник
Македонија

Приведен струмичанец, се сомничи за убиство на своја роднина

Почина пробиштипјанец во судир на автомобил и автобус кај клучката кај Штип
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Вчера од страна на полициски службеници од СВР Струмица во содејство и координација со Оддел за криминалистичка полиција, Сектор за општ и насилен криминал лишен е од слобода П.И.(25) од Струмица.

dobivaj vesti na viber

Тој се сомничи дека на 20.01.2023, откако побарал и не добил пари од М.Б.(83) од Струмица, со која бил во роднинска врска, ја нападнал, а од здобиените повреди таа починала.

Потоа П.И. одзел пари и предмети од домот на М.Б., од кои дел биле пронајдени при претресот извршен по наредба на ОЈО Струмица.

П.И. е приведен во полициска станица и при службен разговор го признал делото, а од страна на СВР Струмица против лицето е поднесена кривична пријава до ОЈО Струмица, изведено е пред Основен суд Струмица и побарана е мерка притвор, информира полицијата.

Можете да прочитате

Стојаноски: Измените на Кривичниот законик се преодно решение за да се спречи амнестија на криминал во над 200 предмети

Претседателот на Собранието Гаши прими делегација предводена од претседателот на ТИКА Ерен

АМСМ: Блокиран патот Берово-Струмица поради собир, магла кај Ресен