Утрински Весник
Спорт

Финците тврдат дека црногорските фудбалери го навредувале Камара

Еквадор пред исфрлање од Мундијалот, доказите за „фалсификувањето“ на Кастилјо се огромни!

Фудбалскиот сојуз на Финска (ФСФ) соопшти дека УЕФА покренала истрага поради сомнеж дека одредени црногорски репрезентативци го навредувале Глен Камара на расна основа. ФСФ објави дека нема да коментира за случајот додека трае истрагата на УЕФА.

dobivaj vesti na viber

Финска синоќа во Подгорица ја победи Црна Гора со 2:0, а домаќините го завршија натпреварот со двајца играчи помалку.

Црногорските медиуми потсетуваат дека во средината на првото полувреме финскиот фудбалер Глен Камара пријавил кај главниот судија Франси Летексија дека бил расно навредуван.

Судијата потоа ги повика на краток разговор капитените на двете селекции, но не се знае за што разговарале.

ФСФ поднесе жалба по натпреварот, а УЕФА веќе покрена истрага, поради што на ФС на Црна Гора му се заканува казна, како и на фудбалерот кој го навреди Камара.

Финскиот репрезентативец е член на Ренџерс. Во 2021 година, Камара беше цел на расистички навреди на натпреварот од Лигата на Европа помеѓу Славија Прага и Ренџерс.

УЕФА го казни фудбалерот на Славија, Ондреј Кудела со десет натпревари, поради што тој го пропушти Европското првенство.

Поради расизам, УЕФА веќе ја санкционираше Црна Гора во 2019 година, кога во април ја казни ФСЦГ со играње на еден натпревар пред празни трибини поради расистички испади од навивачите на натпреварот со Англија.

Можете да прочитате

Алкалоид без проблеми ја преслуша Струга

Зидан и Баерн се пред крај со преговорите за отпочнување на четиригодишна соработка

Над три милиони луѓе во салите ги следеа натпреварите од регуларниот дел од Евролигата