Утрински Весник
Македонија

Приведен маж од Валандово, запалил возило на сограѓанин

No .webp.webp

На 14.09.2024 во 22.20 часот во Валандово полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Валандово го лишиле од слобода З.К.(40) од Валандово поради сомнение дека околу 21.40 часот во Валандово подметнал пожар на патничко возило „опел” со валандовски регистарски ознаки, сопственост на Д.Б. (35) од Валандово. З.К. претходно и телефонски му упатувал закани на Д.Б.. З.К. е задржан во Полициската станица Валандово, извршен е претрес во неговиот дом и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава до ОЈО Гевгелија.

Можете да прочитате

Левица: ДПМНЕ му ветуваше на Груби „па-па во Шутка” – испадна „па-па обвинение, па-па правда”

СДСМ: Погрешено македонското знаме – нов срам, ново понижување од власта на Мицкоски

Се славеше независност на Македонија, а знамето погрешно!