Утрински Весник
Македонија

Приведен маж од тетовско баран со потерница

Lisici 3.webp.webp

Полициски службеници на СВР Тетово, вчера (17 март) околу 14 часот и 30 минути на локалниот пат за тетовското село Требош го привеле 35-годишниот М.А. од Требош, кој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување на едногодишна затворска казна за сторено „тешко дело против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот” казниво по член 300 од Кривичниот законик. Лицето е спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

Можете да прочитате

Левица: Македонците плаќаат повеќе од двојно повисок мрежен трошок за струјата отколку во 2020 година

12 уапсени возачи во последното деноноќие

Малолетник пиел алкохол во локал во Кичево, па завршил во болница