Утрински Весник
Македонија

Приведен криминалец баран со потерница

Приведен криминалец баран со потерница

Вчера во 00.40 часот на ул.„Ангел Димовски“ Скопје, полициски службеници од Полициската станица Аеродром го лишиле од слобода Х.М.(34) од с.Врановци, гостиварско.

dobivaj vesti na viber

Тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна и поради сомнение дека во јуни 2021 година на подрачје на Центар се самозадоволувал пред женско лице од Скопје.

Во полициска станица, во присуство на јавен обвинител, било извршено препознавање.

Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на затворската казна, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Аеродромец паднал во кујна и се повредил со нож

Ученици од Скопје и Крива Паланка на  церемонијата на менување на државното знаме во претседателскиот кабинет

СВР Штип апелира до граѓаните да не бидат мета на измами за лажни операции на нивни блиски