Утрински Весник
Македонија

Приведен крадец, расчистени четири кривични дела, одредена мерка притвор

1706608799 1.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Полициски службеници од СВР Скопје, Одделение за криминалистички работи Центар и Бит Пазар, на 23.07.2024 го лишија од слобода Б.Х.(20) од Скопје. Тој се сомничи дека е сторител на четири кривични дела тешки кражби во угостителски објекти на подрачјето на Центар и во неколку продажни објекти на подрачјето на Чаир.

Имено, по претходно добиени пријави за сторените тешки кражби, од кои две во април, а две во јуни годинава, полициските службеници Одделението за криминалистички работи Центар и Бит Пазар преземаа низа оперативни мерки и активности на местата на кои кривичните дела се извршени, меѓу кои и прегледи на видео надзор и анализи на подигнатите траги, а по доставеното вештачење е утврдено дека Б.Х. е осомничен дека ги извршил четирите кривични дела.

Тој е предаден во Полициска станица Бит Пазар, а во консултација со јавен обвинител против него е поднесена кривична пријава по брза постапка за постоење на основи на сомнение за сторени четири кривични дела „тешка кражба”. Лицето денеска (24.07.2024) е изведено пред Судија на претходна постапка, кој одредил мерка притвор.

Можете да прочитате

Зајкова: Во новата година посакувам храброст, достоинство и правда за држава со вредности, а не само со процедури

Што најмногу се читаше на 24Инфо во 2025 година

„Патека на бесконечноста за 63-те ангели“ – место за спомен и утеха во Стариот парк во Кочани