Утрински Весник
Македонија

Приведен косовски државјанин, превезувал брендирана стока без документација

Lisiczi.jpg

На 07.06.2026 во 19:15 часот на патот Граничен премин Блаце – Скопје, кај тунелот „Блаце“, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции во БЈБ го лишија од слобода Р.Ш.(42) од Косово.

При преглед во товарно возило „фолксваген транспортер со косовски национални ознаки, кое го управувал, била пронајдена поголема количина на брендирана и друга разновидна стока за која не поседувал никаква документација.

Поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела по член 278 и 278а од Кривичниот законик, тој е задржан во полициска станица, а пронајдената стока е одземена. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите клучни за економскиот развој и подобрување на животниот стандард на граѓаните

Радовишанец им се заканувал на вработени во странска амбасада, упатен на психијатриско набљудување

17 лица лишени од слобода во изминатото деноноќие, возеле без дозвола и под дејство на алкохол