Утрински Весник
Македонија

Приведен грчки државјанин поради нудење поткуп

Тешко повреден цариник – паднал од камионот што го проверувал

Денеска (02.09.2023) на граничниот премин Богородица во 17.45 часот полициски службеници од РЦГР Југ го лишија од слобода Х.Ј. од Грција поради сторено кривично дело нудење поткуп.

dobivaj vesti na viber

Имено, Х.Ј. се обидел да влезе во Македонија со патничко моторно возило „пежо 206“ со германски регистерски таблички, но не поседувал зелен картон.

Кога од страна на полициски службеник му било укажано дека мора да извади зелен картон, тој почнал агресивно да се однесува, а потоа му понудил поткуп од 20 евра на полицискиот службеник.

Х.Ј. е веднаш лишен од слобода, а по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО Гевгелија.

Можете да прочитате

Нормализиран сообраќајот за камиони кон „Блаце”, на „Табановце“ се чека околу 30 минути

Повторно одложено судското рочиште за случајот Веапоска на кое требаше да биде презентиран извештајот од супервештачењето

СДСМ: Владата ќе потроши 1,8 милиони евра на кампања за ЕКСПО во Белград, но нема пари за Кочани и за пожарникарите