Утрински Весник
Македонија

Приведен дрвокрадец од скопско

Drvokradec.webp.webp

На 11.03.2024 во 14.00 часот во с.Волково, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Љ.С.(48) од с.Блаце, скопско. Околу 13.20 часот во с.Орман, скопско, полициски службеници запреле патничко возило „фолксваген голф”, кое го управувал Љ.С., а кое било натоварено со огревно дрво. Набргу, на местото пристигнало уште едно лице со патничко возило „форд галакси”, по што истоварило дел од дрвата во возилото „голф”, ги зело клучевите од Љ.С. и го напуштило местото. При обид да го спречат, Љ.С. ги попречувал полициските службеници, по што и тој се обидел да побегне со возилото „галакси”, но бил лишен од слобода.

По целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Можете да прочитате

Пановски: Во Гостивар има епидемија, а никој не ја прогласува!

ВЛЕН: ДУИ срамно се спротивставува на секое достигнување на Албанците

Левица: ЕК го разобличи Мицкоски кој никако не го демонтираше коруптивниот систем, туку удобно се смести во него