Утрински Весник
Македонија

Приведен директорот на Геријатрија, Мухсин Арифи под сомнение за мито од 20.000 евра

488906433 2395994010768895 3811296910331237832 n 430300.jpg

Директорот на Специјализираната болница за геријатрија, Мухсин Арифи, е приведен под сомнение дека примил мито за да овозможи хоспитализација на пациент. Неофицијално, се спомнува сума од 20 илјади евра, иако таа засега не е потврдена.

Болницата згрижува возрасни пациенти во исклучително тешка здравствена состојба, со долги листи на чекање и ограничен број на кревети.


Приведувањето е извршено во координирана акција на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и Министерството за внатрешни работи. Приведени се две лица под сомнение за сторени кривични дела „примање поткуп“ и „примање награда за противзаконито влијание“.

„Се постапува за целосно расчистување на настанот“, информираат од Обвинителството.

Арифи претходно беше организациски директор во Психијатриската болница Бардовци. По професија е дипломиран архитект, а доаѓа од политичката партија Алијанса за Албанците.

Можете да прочитате

Претседателските кандидати вкупно потрошиле 7,5 милиони евра во кампањата, покажа извештајот на ДЗР

Има уште двајца пациенти кои се во тешка состојба и се лекуваат во странство, но засега се стабилни

Од денеска отворен за сообраќај патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица