Утрински Весник
Македонија

Петровска и Лапсли разговараа за безбедносната состојба во Европа

Slika 6.jpeg
300x250 (7)

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска во Министерството се сретна со помошникот на генералниот секретар на НАТО за одбранбена политика и планирање, Ангус Лапсли и неговиот тим, каде се разговараше за безбедносната состојба во Европа, исполнувањето на НАТО целите на способности, како и за развојот на способностите на македонската Армија која минува низ сеопфатен процес на опремување и модернизација.

„Северна Македонија, како и останатите сојузници, е амбициозна и посветена на исполнувањето на НАТО целите на способности. Тоа е јасно видливо преку исполнувањето на двата НАТО критериуми поврзани со буџетирањето на одбраната. Ние во безбедноста вложуваме 2,05% од македонскиот БДП, а од нив речиси една третина се инвестира во опремување и модернизација на Армијата”, рече министерката на средбата.

Ss1

Петровска ја реафирмираше посветеноста на Северна Македонија кон зацврстувањето на колективната безбедност на НАТО, и тоа преку учеството во мултинационалните сили на Алијансата во Романија, во Бугарија и во Латвија, додека истовремено земјата се позиционираше и како една од столбовите на регионалната стабилност. Пример за нашата посветеност на регионот, потенцираше Петровска, е учеството во мисијата на НАТО на Косово, КФОР, и во операцијата на ЕУ во Босна и Херцеговина, АЛТЕА.

Петровска и Лапсли разговараа и за претстојниот Лидерски самит на НАТО во Вашингтон, каде ќе биде одбележан и 75-годишниот јубилеј од основањето на Алијансата, укажувајќи на единството на сите земји-членки, како и на вредностите и принципите кои се во сржта на Алијансата.

Соговорниците ја реафирмираа и поддршката за Украина која ја брани својата независност и својот територијален интегритет при што министерката Петровска информираше дека досега Северна Македонија има донесено 14 одлуки за воена и хуманитарна помош за оваа земја.

Ss1

Можете да прочитате

Лукаревска: Сакале некои или не, СДСМ ќе биде запишан во историјата како организирана политичка сила која ја врати слободата и ја врати државата на вистинскиот пат

Две лица загинаа во сообраќајката на патниот правец Радовиш-Штип

Во Богомила упасен скопјанец кој со ловачка пушка им се заканувал на мешатани