Утрински Весник
Свет

Притворениот јужнокорејски министер за одбрана се обидел да си го одземе животот во притвор

20241211070739 Big 730x400 25.webp.webp

Поранешниот јужнокорејски министер за одбрана Ким Јонг-хјун, обвинет за водечка улога во неуспешното воведување воена состојба во земјата на 3 декември, се обиде да се самоубие во притворниот центар каде што се наоѓа, изјави висок претставник од Министерството за правда пред Паралментот.

„Неговиот обид за самоубиство беше неуспешен и тој сега е во стабилна состојба“, изјави денеска пред пратениците генералниот комесар на Корејската служба за извршување затворски санкции, Ким Јонг-хе.


Ким Јонг-хјун беше приведен откако судот во Сеул одобри налог за негово апсење под обвинение дека играл клучна улога во конфликтот и ја злоупотребил својата моќ.

Ким беше првата личност уапсена во врска со декретот за воена состојба од 3 декември.

Можете да прочитате

Отворена истрага откако иранска телевизија објави видео со упатства како да се убие Меланија Трамп

Собјанин: Москва ноќеска беше нападната со повеќе од 390 дронови

Тела на пет бебиња пронајдени во картонски кутии во семејна куќа на југот на Франција