Утрински Весник
Македонија

Притвор за поранешниот директор на ДЗС Беким Максути– во неговиот дом пронајдено оружје

Img 5364.jpeg

Еден поранешен директор и инспектори на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) се меѓу притворените во случајот со катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде загинаа 59 млади лица.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски потврди дека меѓу осомничените е и поранешниот директор на ДЗС, Беким Максути. Според информации на МКД.мк, при претресот во неговиот дом биле пронајдени оружје и муниција.


Обвинителството ја испитува улогата на ДЗС во трагедијата, особено во однос на контролните механизми кои требало да спречат објект без основни противпожарни стандарди да функционира како дискотека. Законот за заштита и спасување јасно пропишува дека инспекторите имаат обврска да вршат редовен надзор и, доколку се утврдат неправилности, да наложат забрана за користење на опасни објекти.

Според член 141-д од Законот, инспекторите имаат право да забранат користење на објекти ако постои ризик од пожари, експлозии или отежната евакуација. Сепак, „Пулс“ работел 15 години без основни безбедносни мерки.

Очекувањата се дека истрагата ќе утврди кој дозволил дискотеката да работи незаконски и зошто не биле преземени соодветни мерки за спречување на ваква трагедија.

Можете да прочитате

ИК на ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски овластен да предложи нови кадровски решенија

Пренџов: ДУИ нема да биде дел од Владата, сè додека таа е предводена од премиерот Мицкоски

Полицаец по 4 часа во кафана прегазил велосипедистка која почина – Семејството Цветкоски по две години неизвесност утре ја чека пресудата на судот