Утрински Весник
Македонија

Притвор за државјанин на Албанија поради нудење поткуп

Притвор за државјанин на Албанија поради нудење поткуп

Синоќа на Граничниот премин “Долно Блаце“ на влез во Македонија, приведен е О.Б.(43) од Албанија, поради нудење поткуп.

dobivaj vesti na viber

О.Б., кој бил заменски возач на автобус со албански национални ознаки, влегол во службената просторија на раководителот на смена и понудил банкнота од 50 евра за наводно да се забрзала контролата на патните исправи на патниците. Тој веднаш бил приведен и за настанот бил известен Јавен обвинител кој наредил пријавениот да биде задржан и против него е поднесена кривична пријава, по што му е одредена мерка притвор.

Можете да прочитате

Велковски: Пензиите ќе се зголемат за 3 до 3,5 проценти, конечниот износ ќе се знае следната недела

До 18 часот осум активни пожари, три под контрола

Цврсто сме определени да бидеме лидер во регионот со развојот на дата-центри, тоа е иднината на човештвото, вели Мицкоски