Утрински Весник
Македонија

Пристигна воен конвој со новите лесни оклопни возила JLTV наменети за македонската Армија

Пристигна воен конвој со новите лесни оклопни возила JLTV наменети за македонската Армија

Министерството за одбрана информира дека пристигна воен конвој со нови возила на Армијата – лесни оклопни возила JLTV Oshkosh, кои се од американско производство.

dobivaj vesti na viber

„Лесните оклопни возила JLTV се дел од процесот за модернизација и опремување на Армијата на Република Северна Македонија согласно НАТО стандардите и ќе бидат поддршка на Лесната пешадиска баталјонска група во Штип, која воедно е нашата НАТО единица“ соопшти Министерството за одбрана.

Проектот „Набавка на лесни оклопни возила на тркала“ е започнат во 2019 година со склучување договори помеѓу владите на Република Северна Македонија и САД. Досега се пристигнати 32 возила од овој тип.

Можете да прочитате

Пендаровски: Силјановска ја цитира бугарската УДБА

Вечерва започна молкот за изборите на 8 мај

Пендаровски кон Силјановска: Два труда имате објавено на Скопус, што сте работеле како професор?