Утрински Весник
Македонија

Пристигна Арсовска на средба со премиерот Мицкоски

06a50ef8 B95e 4877 95ab Abedeff9925b.jpeg

Скопската градоначалничка Данела Арсовска денеска пристигна во Владата на средба за која беше закажана од страна на премиерот Христијан Мицкоски. Средбата е значајна и доаѓа по неодамнешните барања од страна на претставниците на Здружението на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) за одземање на ингеренциите на Град Скопје во однос на „Комунална хигиена“ и „Паркови и зеленило“.

Арсовска кратко изјави пред средбата дека ќе закаже прес-конференција за утре, на која ќе бидат изнесени детали за резултатите од денешната средба. Според најавите, по завршувањето на средбата, министерот за локална самоуправа, Златко Перински, ќе одржи прес-конференција на која ќе се објават дополнителни информации и позиции во врска со актуелните прашања.

Средбата помеѓу градоначалничката и премиерот доаѓа во време кога јавниот интерес е насочен кон управувањето со комуналните услуги и зелените површини во главниот град, што дополнително ги зголемува очекувањата за нови решенија и реформи.

Можете да прочитате

Мицкоски во Њујорк: НАТО, САД и ЕУ е една јасна геополитичка ориентација

Уапсен во Косово осомничениот за убиството во Дуќанџик

Муцунски на Глобалната платформа за регулаторни иновации: Технологијата напредува брзо, но одговорноста мора да остане човечка