Утрински Весник
Македонија

Примопредавање на функцијата министер за надворешни работи

1 2.jpeg

Денес, во Министерството за надворешни работи беше извршено примопредавање на функцијата – Министер за надворешни работи меѓу новоименуваниот министер Тимчо Муцунски и досегашниот министер Бујар Османи.

Османи упати честитки до Муцунски за новата должност, посакувајќи му успех во реализацијата на активностите на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

Муцунски порача дека во периодот што следи акцентот ќе биде ставен на забрзување на евроинтегративниот процес на земјава, стратешкото партнерство со САД, како и привлекувањето странски инвестиции, што е на линија на приоритетите на Владата.

„Во периодот што следи акцентот ќе биде ставен на забрзување на евроинтегративниот процес на земјава, стратешкото партнерство со САД, како и привлекувањето странски инвестиции, што е на линија на приоритетите на Владата. И покрај многуте предизвици, со посветена работа и решителност ќе бидат постигнати зацртаните цели во предвидената програма за работа на Владата”, истакна Муцунски на средбата.

Можете да прочитате

СДСМ во Скопје ќе настапи со свој кандидат, ќе се знае до крајот на јули – во игра се Ралев и Шукова

Пешевска: Со измените на Кривичниот законик се решава вековната борба за ставање под контрола на семејното насилство

Филипче: Натпартиски консензус е единствено решение, да разговараме и да ги детерминираме црвените линии