Утрински Весник
Свет

Примал мито од болни од рак, уапсен шефот на онколошкиот оддел во Романија

Примал мито од болни од рак, уапсен шефот на онколошкиот оддел во Романија

Началникот на онколошкиот оддел на окружната болница во Сучеава, Романија, е приведен откако бил обвинет дека за само една недела примал мито од болни од рак, дури 62 пати, пишува романскиот портал „Romanian Journal“.

dobivaj vesti na viber

По претресот на неговата лекарска ординација како и неговиот службен автомобил, полицијата соопшти дека пронашла докази за 64 дела на поткуп, од кои 62 се случиле во текот на една недела во декември минатата година, а се тврди дека примал мито од болни од рак во износ од 50, 100 и 200 леи, односно 10, 20 и 40 евра, а покрај пари добивал и храна и слатки.

Полицијата и обвинителството покренаа истрага откако неколку пациенти се пожалија дека им барал мито за да го добијат потребниот медицински третман, пишува „Romanian Journal“.

Според романската здравствена декларација, началникот на онколошкиот оддел има месечна плата од 17.500 леи, односно 3.500 евра, а уапсениот началник плата земал и во две други приватни клиники.

Можете да прочитате

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk

Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет