Утрински Весник
Балкан

Приход од над четири милијарди евра остварила Албанија лани од туризам

D0b5d0b3d0b8d0bfd0b5d182 D0b7d0b0d182d0b2d0bed180d0b0 D0b4d0b5d0bb D0bed0b4 D0b1d180d0b5d0b3d0bed182 D0bdd0b0 D186d180d0b2d0b5d0bdd0be 63cd9e00367c1.jpeg
Ss2

Податоците на Централна банка на Албанија потврдуваат дека во текот на 2023 година приходот од туризмот достигнал 4,1 милијарди евра, што е највисок износ остварен до сега, што е факт дека туризмот станува еден од најважните сектори на албанската економија, јави Ора њуз.

Доколку се спореди со нивото на приходи во 2019 година, која важеше за најдобра година за туризмот, минатогодишните се речиси двојно повисоки.

Ss1

-Во текот на минатата година Албанија пречека над 10 милиони странски туристи, додека годинава очекувањата се за 13 милиони. Ова се очекува да донесе уште поголем приход за албанската економија. Банката предвидува дека и туристичкиот сектор ќе има влијание врз економскиот раст во текот на оваа календарска година, додека услугите се сметаат за еден од секторите кои ќе придонесат за намалување на невработеноста во земјата, наведува телевизијата.

Во прегледот за последните четири години, во 2019 година остварените приходи во туризмот биле 2,1 милијарди евра, следната година (година на пандемијата со Ковид-19) 989 милиони евра, во 2021 година 1,9 милијарди евра, 2022 година 2,8 милијарди евра и минатата година 4,1 милијарди евра. 

Ss1

Можете да прочитате

Самарас: Извештајот на Бакојани за Косово не ја претставува Грција

Видеото стана хит: Телохранителот му даде чешел на Ердоган

Во Атина уапсени двајца членови на меѓународната криминална група „Пинк Пантери“