Утрински Весник
Македонија

При претрес во Штип пронајдени дрога и пиштол 

Marihuana.jpg

На 13.02.2024 во 16.40 часот во Штип, полициски службеници од Oтсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип ги лишиле од слобода Т.П.(43) и М.П.(74), двајцата од Штип.

При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и пиштол со рамка со осум куршуми калибар 7,65 мм за кој не поседувале дозвола.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.   

Можете да прочитате

Опожарени три возила во Скопје

За случајот со натепаните момчиња, поведена е постапка и шест полицајци ќе бидат суспендирани, информира МВР

Охриѓанец почина откако му се превртело кануто