Утрински Весник
Македонија

Превезувале патници без лиценци: Од сообраќај исклучени струмички комбиња

Policija.webp.webp

Полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при граничната полиција утринава околу 4:40 часот на наплатната рампа Романовце во два одвоени случаи открија вршење на превоз на патници без поседување соодветна лиценца.

Во двата случаи, како што информира МВР, сопрени се две патнички моторни возила (комби) „фолксфаген крафтер“ со струмички регистарски ознаки, првото сопственост на Р.Р. од Струмица, а управувано од страна на П.Љ. од Струмица, а второто сопственост на Р.Ј. од Струмица, а управувано од страна на Ч.Ѓ. од Струмица.

-Притоа, од извршените контроли на возилата утврдено е дека вршеле превоз на патници без лиценца од нашата држава до Италија, по што од страна на Мобилната единица за компензаторни мерки е известен Државниот инспекторат за транспорт, од чија страна на возачите им е изречена глоба во износ од по 500 евра, сообраќајните дозволи им се привремено одземени, а возилата биле исклучени од сообраќај, соопшти МВР.

Можете да прочитате

(фото) Вечерва тешка сообраќајна несреќа во Бутел – автомобил превртен на кров, има повредени

Јована Мојсоска објави дивоградба во срцето на струшката чаршија

Изгореа неколку штали – Пожарот во Валандово сега е ставен под контрола