Утрински Весник
Балкан

Тешка сообраќајка во Младеновац Србија, еден загинат и седум повредени

Screenshot 19 8 2026 8930 www.instagram.com .jpeg

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи ноќеска, околу полноќ Младеновац, на лице место загина возач на автомобил „ауди“, додека возачот на автобусот и седум патници се повредени, неофицијално дознава српски „Блиц“.

Поради силината на ударот, „аудито“ излетало од коловозот, а возачот на автобусот и седумте млади лица кои се здобиле со повреди биле итно пренесени во Ургентниот центар.

Животот го загуби М.Ј (42).

Според првичните информации, трагедијата се случила кога возачот на „аудито“, од засега непознати причини, преминал во спротивната сообраќајна лента и директно удрил во автобусот.

Поради силината на ударот, „аудито“ отскокнало од патот и силно удрило во бетонската ограда покрај коловозот.

Автомобилот бил целосно уништен, а на несреќниот возач не можело да му се помогне. Лекарите од итната помош и припадниците на надлежните служби можеле само да констатираат смрт откако го извлекле од возилото

Можете да прочитате

Ратко Младиќ ќе биде погребан денес во Белград: Голем број граѓани пред црквата

Бауер: Придружното членство во ЕУ може да биде мост, но не и замена за полноправното членство

Тешка сообраќајка кај Нови Пазар, загина едно лице