Утрински Весник
Македонија

 Претседателот Пендаровски ги прими учесниците во програмата за регионална мобилност на млади истражувачи и активисти

Foto 4.jpeg
300x250 (7)

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими учесници во Програмата за истражување на младински и образовни политики во Младински образовен форум (МОФ). За време на средбата младите од Албанија, Србија и од Северна Македонија, говореа за активностите и областите во коишто ги насочуваат нивните капацитети, во рамки на програмата за регионална мобилност на млади истражувачи и активисти, што Младински образовен форум ја организира во партнерство со Центарот за наука и иновации за развој од Албанија и Младинската иницијатива за човекови права од Србија. Соговорниците го информираа претседателот и за начинот на реализирање на програмата којашто се одвива во трите држави и опфаќа 5 различни теми: регионална соработка, младинско учество, одлив на мозоци и образование, младинска невработеност и младинска акција кон двојната транзиција: дигитална и зелена. Во контекст на потребата од креирање одржливи младински политики, претседателот го нагласи придонесот на младите, со своето критичко размислување, како еден од клучните предуслови за демократизација и позитивни процеси во секое општество. За време на престојот во Кабинетот, посетителите имаа можност да се запознаат со начинот на функционирање на институцијата, претседателските активности и уставни надлежности. Претходно, посетителите ги разгледаа просториите во коишто се одвиваат работните и официјалните средби на претседателот, прес-конференции, настани и свечености, како и импозантниот диптих „Македонија – светла земја” и „Македонија – земјата памети” дело на еден од најзначајните современи македонски уметници Глигор Чемерски.

Ss1

Можете да прочитате

ССМ ги повикува работниците на протест по повод Меѓународниот ден на трудот 1 Мај

Филипче продолжува со активностите на терен: Јас никогаш не се откажувам

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година