Утрински Весник
Македонија

Претрес во Тетово, пронајдени пушка, пиштол и муниција, приведено едно лице

Претрес во Тетово, пронајдени пушка, пиштол и муниција, приведено едно лице

Вчера попладне, околу 17.15 часот, во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово, во координација и содејство со Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со оружје, дрога и опасни материи при МВР, го лишиле од слобода 56-годишниот тетовец Љ. Ј., извести МВР.

dobivaj vesti na viber

„При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени ловечка пушка во калибар од 16 милиметри, 22 патрона од ист калибар и оштетена пломба за деактивирање на пушката. Покрај тоа, биле пронајдени и одземени пиштол ‘цз’ во калибар од 9 милиметри, три рамки и 13 куршуми од истиот калибар“, соопшти МВР.

Тој бил задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

10 дена без трага од Љупчо – Баравме помош уште пред да исчезне велат од семејството

Од Стража до Гостивар вечерва се патува и до час и половина

Приведен 20-годишник, со остар предмет се обидел да ограби обложувалница