Утрински Весник
Македонија

Претрес во битолско и ресенско, пронајдени пушки и муниција

Претрес во битолско и ресенско, пронајдени пушки и муниција

Kриминалистичката полиција при СВР Битола со наредба од Основен суд извршилa претрес во битолско и ресенско, при што во с.Езерани, ресенско, во домот на Г.А.(44)од с.Езерани, биле пронајдени 19 парчиња различен калибар муниција.

dobivaj vesti na viber

При претрес во куќа во с.Цапари, битолско, сопственост на Ј.М.(29)од с.Цапари, биле пронајдени и одземени две ловечки пушки калибар 12мм и една воздушна пушка калибар 4.5мм, додека при претрес во домот на П.Т.(57) во с.Ротино, битолско, пронајдени се и одземени еден карабин, една ловна пушка, муниција за двете оружја и друга муниција.

Трите лица биле повикани во полициска станица и со нив бил извршен службен разговор, а по целосно документирање на случајот ќе следат соодветни пријави.

Можете да прочитате

Јовица Андовски е нов директор на Агенцијата за храна и ветеринарство

„Ќе те ставиме во багажникот!“ – син на поранешен началник во МВР пријавил напад кај Хиподром

Хаџи Василева порача дека обвинителите мора да бидат заштитени од надворешни влијанија