Утрински Весник
Македонија

Претепаниот секретар на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ од Охрид е пренесен на лекување во Софија

Претепаниот секретар на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ од Охрид е пренесен на лекување во Софија
Dik 300x250 mk

Христијан Пендиков – претепаниот секретар на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, е пренесен во Бугарија со владиниот авион „Фалкон“, јавуваат бугарските медиуми. Двајца лекари и една медицинска сестра од Воената медицинска академија во Бугарија го придружувале повредениот. Неговата состојба според тамошните медиуми е сериозна и му претстои операција.

dobivaj vesti na viber

Медиумите известуваат дека нападот врз 21-годишниот Христијан Пендиков синоќа го извршиле три лица.

Според европратеникот Андреј Ковачев, тој бил претепан и нападнат затоа што е Бугарин. МНР и претседателот Румен Радев го осудија чинот на насилство и потсетија дека наведените амбиции на Република Северна Македонија за членство во Европската Унија се во спротивност со реалноста, стои во написите.

„Властите во Македонија треба да преземат многу решителни мерки за да се надмине оваа атмосфера на омраза, дискриминација и закани кон секој кој отворено го декларира својот бугарски идентитет и своето бугарско потекло“, рече Ковачев.

„Претседателот Румен Радев уште еднаш ќе го предочи на шефовите на држави и влади во Европската Унија, како и на европските институции и на Советот на Европа, прашањето за почитување на правата на Бугарите во Северна Македонија“, е наведено во соопштението од кабинетот на бугарскиот претседател, пренесуваат медиумите во Бугарија.

Можете да прочитате

Запленета небезбедна храна со непознато потекло во Чучер-Сандево – запленети ореви и кикирики

Директорот на Царина за извештајот на ЕК: нотиран висок напредок во областа Царинска унија – преземени значителни чекори за забрзана интеграција во единствениот пазар на ЕУ

СДСМ е на раб на исчезнување по изборното цунами, велат од ВМРО-ДПМНЕ и го повикуваат Филипче да си поднесе оставка