Утрински Весник
Скопје

Орце повикува граѓаните на Скопје да чистат – затоа што тој не може, велат од СДСМ

Whatsapp image 2025 12 26 at 15.11.01.jpeg

Соопштение на СДСМ:

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски упати апел до граѓаните:

„Грижата за Скопје нема паузи, празници ниту продолжени викенди. Само со заедничка одговорност можеме да го зачуваме чист, уреден и убав.”

Ова се истите фрази што прво ги презеде Мицкоски од Вучиќ, а сега се шират кај функционерите на ВМРО-ОКГ.

Тие „работат нон-стоп”. Не спијат. Не знаат за одмор – знаат само за екскурзии.

Оваа циркуска претстава на Мицкоски почна да гостува низ сите градови на Македонија.

Колку е неспособен „дрон-градоначалникот” Орце, што мора да ги повикува граѓаните да чистат, затоа што тој самиот не може да го реши ѓубрето во главниот град?

Оперира со дронови, ја испитува водата од воздух, вози Орбанови high-tech автобуси по препорака на Груевски…

Следно очекуваме да ја повика НАСА во Скопје.

А ѓубрето не може да го реши.

Не знае кој го загадил Лепенец и Вардар.

Билборд не знае да направи без грешка.

Сѐ уште не знаеме колку платил за АИ-решението, дали фирмата добила негативна референца и дали има лична врска со него.

Кога градоначалникот повикува граѓани да чистат – тоа е признание дека тој самиот не може.

Можете да прочитате

Отворен конкурсот за годишната награда „Феникс” за 2026 година

Линијата 35 се продолжува до Радишани, директно поврзување на Бутел и Аеродром

Литија во Скопје во пресрет на Рождество на Пресвета Богородица