Утрински Весник
Скопје

Хоџа: Завршен проектот на Дижонска 15, МЖСПП продолжува со инвестиции во водоводната и канализациската инфраструктура во Чаир

2 4.jpg

Завршена е изградбата на новата водоводна и канализациона мрежа на улицата Фаик Коница (поранешна Дижонска 15) во Општина Чаир, проект реализиран со финансиска поддршка од Министерството за животна средина и просторно планирање во вредност од 6,9 милиони денари.

На теренскиот увид по повод завршувањето на проектот присуствуваа министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа и претседателот на Советот на Општина Чаир, Мухамет Муртези.

Проектот е дел од тековните активности за целосна реконструкција и унапредување на комуналната инфраструктура во населбата Дижонска, со кои се опфаќаат водоводната, канализациската и атмосферската мрежа.

„Обезбедувањето модерна и сигурна комунална инфраструктура е една од клучните цели на Министерството. Овие проекти се основа за зелен пресврт, бидејќи со нив решаваме долгогодишни проблеми, создаваме подобри услови за живот и градиме системи што одговараат на потребите на граѓаните”, истакна министерот Хоџа.

Можете да прочитате

Отворен конкурсот за годишната награда „Феникс” за 2026 година

Линијата 35 се продолжува до Радишани, директно поврзување на Бутел и Аеродром

Литија во Скопје во пресрет на Рождество на Пресвета Богородица