Утрински Весник
Македонија

Премиерот Ковачевски се сретна со истакнати личности од земјава кои работат и живеат во Њујорк

Премиерот Ковачевски се сретна со истакнати личности од земјава кои работат и живеат во Њујорк
300x250 (7)

Премиерот Димитар Ковачевски синоќа се сретна со истакнати личности од земјава, кои работат и живеат во САД.

dobivaj vesti na viber

На приемот кој се одржа во Македонскиот културен центар во Њујорк, присутни беа лица кои работат во Организацијата на ОН, како и наши истакнати професори уметници и претставници од бизнис заедницата.

300x250 (7)

Премиерот Ковачевски во поздравното обраќање истакна дека е огромна честа и задоволството да се биде заедно со наши луѓе во Њујорк.

„После подолго време затвореност на светот сега имаме повторно можност да се дружиме и поразговараме за повеќе актуелни теми.

Драго ми е што на едно место сме присутни различни луѓе од различни културни средини, сите со различни искуства и животни приказни. Тоа е она што е специфично за нас и дома и низ светот, различностите секогаш биле нашата јака страна и нешто што треба да го негуваме и развиваме.

Бидете горди на вашето потекло, Северна Македонија е земја која има многу да понуди. Заедно со САД каде што вие работите и живеете и ЕУ, кои се наши стратешки партнери, стоиме обединети на вистинската страна” – рече Ковачевски.

Ss1

Можете да прочитате

Спасовски: На крвавиот 27 април не се повлековме, нема да се откажеме од Македонија ниту на 8 мај!

Мицкоски: Бранот на промени ќе ја порази оваа власт

Битиќи: На 8 мај гласовите се бројат од нула