Утрински Весник
Македонија

Премиерот Џафери и Владата во чест на 9 Мај: Цврсто стоиме на браникот против фашизмот и во одбрана на европската идеја

09052024 Pvrsm Dzaferi Odbelezuvanje 9 Maj 1.jpg

Владино-државниот врв го одбележува денешниот голем и значаен датум за Република Северна Македонија и за демократскиот свет, 9-ти Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа.

Делегација на Владата на Република Северна Македонија, предводена од претседателот на Владата, Талат Џафери, во состав со министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов и заменичката министерка за правда, Викторија Аврамовска Мадиќ, положи цвеќе и оддаде почит на борците од Народноослободителната борба, пред споменикот „Ослободители на Скопје”, на платото пред Владата на Република Северна Македонија.

На официјалната церемонија, реализирана со воени почести, почит оддадоа и положија цвеќе и: делегација на Сојузот на борци од НОАВМ, предводена од Наум Бурески, претседател на Градскиот одбор на Сојузот на борци, од Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, Билјана Блажевска, аѓутант, делегација на Собранието на Република Северна Македонија, предводена од Снежана Калевска Ванчева, пратеничка, делегација на Армијата на Република Северна Македонија, предводена од бригаден генерал Орце Јордев, како и претставници од дипломатскиот кор во државава, меѓу кои и амбасадорот на Европската Унија, Дејвид Гир, делегација на Град Скопје, претставници на политички партии.  

Претходно, во церемонија со воени почести, делегации од Владата, од Кабинетот на претседателот на државата, од Собранието, од Сојузот на борци од НОАВМ, претставници од дипломатскиот кор, од Град Скопје, од политички партии, оддадоа почит и положија цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел.  

Република Северна Македонија секогаш била на вистинската страна на историјата. Така било за време на Втората светска војна, кога земјата била рамо до рамо со прогресивните антифашистички сили. Нашата држава е создадена на рушевините на фашизмот, во извојуваната слобода и со прогресивната идеја за напредок. И денес, во сложениот геополитички контекст, стоиме со сојузниците, како рамноправна членка на НАТО и идна членка на Европската Унија, темелејќи го развојот, на демократијата.

Пораката на премиерот Талат Џафери и на Владата, во чест на денешниот 9 Мај, Ден на победата на фашизмот и Ден на Европа е дека цврсто стоиме и ќе стоиме на браникот пред какви било форми на современ фашизам, коишто се закана за мирот и прогресот насекаде во светот. Исто така, со искрена почит кон големата европска идеја, на којашто се темели изградбата на Европската Унија, ќе продолжиме да придонесуваме во заштитата и афирмацијата на европските вредности, како гаранти на мирот и перспективите и на Република Северна Македонија. Република Северна Македонија припаѓа во европското семејство на народи и држави и стремежот на граѓаните за членство во Европската Унија, заедно, ќе го оствариме.

Можете да прочитате

Георгиевски: Никогаш не сме биле толку блиску до ЕУ, треба да направиме само еден безболен чекор

Дурмиши: Пониски цени на над 600 производи за Нова Година

Одбележан Денот на МАНУ – 24info.mk