Утрински Весник
Магазин

Научниците открија нова функција на малиот мозок

Eurostar Umag 6 1 1024x576 1.jpg
Whatsapp Image 2024 05 16 At 11.05.40 (1)

Иако малиот мозок сочинува само 10 проценти од вкупната маса на мозокот, повеќе од три четвртини од мозочните неврони се спакувани во него. Се смета дека овој регион лоциран во основата на черепот игра важна улога во координацијата на моторните функции – како што е рамнотежата и контролата на движењето. Сепак, новото истражување ја поддржува хипотезата дека овој дел од мозокот е вклучен и во некои когнитивни функции, односно дека игра клучна улога во учењето.

Pet Utrinski

„Долго време претпоставувавме дека главната функција на малиот мозок е да го контролира движењето. Меѓутоа, сега знаеме дека има делови од малиот мозок кои се поврзани и кои се чини дека еволуирале заедно со областите на малиот мозок кои се одговорни за размислување“, вели невробиологот Андреа Бостан од Универзитетот во Питсбург во САД.

Screenshot

Научниците тренирале мајмуни да ја движат левата или десната рака во зависност од сликата на екранот; при што биле наградени со сок доколку го направат вистинскиот потег. Но, кога експертите им дадоа лекови кои привремено го оневозможуваат задниот дел на малиот мозок, нивната способност за учење беше значително намалена.

И покрај сокот како награда, животните имаа проблем да се сетат со која рака да се движат кога ќе видат одредена слика. Тоа не се случило доколку научиле одредено движење пред да го земат лекот. „Кога ќе го деактивирате овој церебеларен регион, го попречувате процесот на стекнување на нови знаења. Процесот на учење е многу побавен, а крајниот резултат не е на исто ниво“, вели Бостан, а пренесува Science Alert.

Понатамошните тестови покажаа дека лековите не влијаеле на изведбата на самото движење и дека „исклучувањето“ на другите делови од малиот мозок не влијаело на процесот на учење.

Истражувањето, насловено како церебро-церебеларна мрежа за учење визуомоторни асоцијации, беше објавено во списанието Nature Communications.

Можете да прочитате

Истражување: Газираните пијалаци предизвикуваат и прерано стареење

Зошто се става парче магдонос на врвот од јадењето?

Овие витамини го одржуваат младешкиот изглед и убавината на косата и ноктите