Утрински Весник
Спорт

Премиер лигата не сака маратонски мечеви

Премиер лигата не сака маратонски мечеви

Англиските медиуми пишуваат дека судиите во Премиер лигата нема да ги следат нови упатства на ФИФА, да се надомести секоја загубена секунда. Во досегашниот тек од Светското првенство во Катар имаше неколку невообичаено долги натпревари поради надополнувањата.

dobivaj vesti na viber

Натпреварот помеѓу Англија и Иран траеше речиси полни два часа (118 минути).

Шефот на судиите легендарниот Италијанец Пјерлуиџи Колина ја објасни потребата да се надополни неприродното загубено време на крајот од секое полувреме, што доведе до невообичаено долги натпревари. По првото коло, просечното времетраење на натпреварите беше 102 минути и 42 секунди, што е многу подолго од просекот во најсилните европски лиги.

Според островските медиуми, Премиер лигата ќе го игнорира новото правило на ФИФА, односно англиските арбитри ќе продолжат да го применуваат истиот метод како и досега.

Синдикатот на професионални фудбалери Фифпро се согласува со официјалните лица од Премиер лигата, изразувајќи загриженост поради зголемувањето на повредите на играчите и заморот предизвикан од подолгите натпревари.

Можете да прочитате

Милан и со играч повеќе немоќен во Рим, Баер ја продолжи серијата без пораз, Ливерпул елиминиран

Македонските девојки на ЕП-2024 ќе играат во Унгарија

Карло Анчелоти откри кои играчи на Реал Мадрид одбиле да шутираат пенали