Утрински Весник
Македонија

Во завршна фаза реконструкцијата на улиците во Усје, во Кисела Вода

Во завршна фаза реконструкцијата на улиците во Усје, во Кисела Вода

Усје, нека е аирлија, порача денес градоначалникот Орце Ѓорѓиевски по увидот направен во градежните активности во оваа месна заедница, каде во завршна фаза е обновата на улиците.

dobivaj vesti na viber

Дел од нив Општина Кисела Вода ги асфалтира, дел ги поплочува со павер елементи. За само неколку дена, ликот и на овој дел од општината ќе биде променет и усјани ќе добијат инфраструктурно решение кое ќе им ги подобри условите за живеење.

„Никој повеќе нема да ги дискриминира моите сограѓани усјани, конечно го добиваат она што години наназад им беше ветувано, но за жал нереализирано. Сѐ до денес. Со силно темпо работиме на сите позиции, дел од улиците добиваат асфалт, дел бекатон. За некој ден Усје ќе биде непрепознатливо, со комплетно нови улици, со модерен лик и поквалитетен живот во оваа некогаш заборавена населба.

Впрочем, усјани го добиваат она што го заслужуваат!

И тука не застануваме, ништо нема да ме спречи во намерата да ја развиеме и унапредиме Кисела Вода.

Заедно со мојот горд народ кој ми ја даде поддршката, ќе направиме уште поголеми работи кои ќе останат да сведочат и да бидат белег на новата иднина во нашата општина.

Креираме иднина, заедно“, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Можете да прочитате

Лукаревска: СДСМ не е создаден за поделби, за кавги, за лаги и навреди

Пендаровски: Mицкоски бара дополнителни коалициони партнери, затоа што го знае што го чека на 27 април и 8 мај

Ковачевски до Мицкоски:  На Македонија и е потребно национално единство за интеграција во ЕУ, а не за мораториум