Утрински Весник
Македонија

ПРЕКРАСНИ МЕТЕО ИНФОРМАЦИИ ЗА СИТЕ: Од утре полека овој облак од прашина и песок од Сахара ќе ја напушта Македонија

Gfs 0 12.webp.webp

Метео анализа на Славчо Попоски:

Конечно од утре во Македонија ќе може да се дише, и тоа поради тоа што овој облак од прашина  и песок од Сахара ќе ја напушта нашата територија, но и целата територија на Балканскиот Полуостов.

Времето ќе биде далеку полесно и со многу почист воздух, како и со побистра Атмосфера. Иако температурите малку пониски, сепак тие речиси насекаде повторно ќе надминуваат 20 степени, но и утре ќе дува повремено засилен ветер од југозападен правец.

Мора да напоменеме дека поради преместување на ладен Атмосферски фронт од север над Балканскиот Полуостров, во регионот на повеќе места оваа вечер, како и во текот на претстојната ноќ ќе има појава на грмотевични облачни и пороен дожд, придружени со силен ветер.

Не се исклучува можноста понекаде ова да биде  и во вид на временска непогода (проследена со пороен дожд, електирчни празнења, силен ветер и со појава на град). А поради падот на температурите, на највисоките планински врвови во регионот би можело да провее  и по некоја пролетна снегулка.

Сепак вакво нешто кај нас во Македонија не очекуваме.

Можете да прочитате

Полицајци вдишале чад при гасење пожар во обиен објект

СДСМ: Обвинителот Ало Савески доби нови задачи од Мицкоски, овој пат на празник

Запалена свеќа предизвика пожар во стан во Гази Баба