Утрински Весник
Македонија

Прекин во водоснабдувањето на улиците „Бул Крсте Мисирков“ и „Отокар Кершовани“ и Кеј „Димитар Влахов

Voda.jpg

Прекин во водоснабдувањето денеска ќе има за корисниците на неколку улици во Скопје.

ЈП Водовод и канализација најавува прекин на водоснабдување денеска за корисниците на улиците „Бул Крсте Мисирков“ и „Отокар Кершовани“ од 8:00 часот изутринава. 


Прекинот ќе биде поради поправка на затворач со пречник од 300милиметри на двете улици, а ќе трае до завршување на работните активности.

Од 8:00 часот прекин во водоснабдувањето поради поправка на два затворачи со пречници од 600 и 300 милиметри ќе има и на Кеј „Димитар Влахов“ и ќе трае до до завршувањето на работните активности.

Можете да прочитате

Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите клучни за економскиот развој и подобрување на животниот стандард на граѓаните

Радовишанец им се заканувал на вработени во странска амбасада, упатен на психијатриско набљудување

17 лица лишени од слобода во изминатото деноноќие, возеле без дозвола и под дејство на алкохол